Свет
21. July 2020 - 10:58

Во Украина вооружен маж држи како заложници 20 патници во автобус

Во украинскиот град Луцк, човек вооружен со експлозив и оружје зел како заложници 20 патници во автобус, соопшти полицијата од регионот Волин.

Центарот на градот е затворен за сообраќај, пренесува руската телевизија Ѕвезда.

Началникот на регионалната полиција, Јуриј Крошко рече дека засега нема информации дека некој е повреден.

– Во моментов се следат социјалните мрежи. Нема никакви барања на неговиот профил. Само општи фрази. Ние сè уште проучуваме, се обидуваме да преговараме, рече Крошко.