Македонија
14. February 2021 - 11:44

Во угостителски објект во Тетово кој работел по дозволеното време биле затекнати 11 лица, сопственикот уапсен

Ноќеска (14.02.2021) околу 01.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.А.(38) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Имено, во акциска контрола спроведена во неговиот угостителски објект на излезот од Тетово, биле затекнати 11 лица, од кои 5 од Република Албанија и 2 од Република Србија.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против М.А. ќе биде изготвен соодветен поднесок.