Македонија
26. јуни 2021 - 14:57

Во угостителски објект во Стар Дојран пронајдена прашкаста материја и марихуана

На 25.06.2021 во 23.45 часот во Сретеново-Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.А.(23) од с.Јосифово, валандовско.

При претрес во угостителски објект во Сретеново, каде што е управител, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една пластична канта со бела грутчеста материја, прашкаста материја, прeдмети со остатоци од прашкаста материја и марихуана, нож и други предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.