Во училиште во Џорџија девет позитивни ученици и вработени
Коронавирусот е откриен кај деветмина ученици и вработени во средно училиште во американската држава Џорџија, кое е во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од ходници полни со тинејџери без маски.
– Во овој момент, знаеме дека има шест ученици и тројца вработени кои биле во училиштето барем извесно време минатата недела, и кои пријавиле дека се позитивни на коронавирусот, изјави директорот на училиштето Гејб Кармона, пренесува Си-Ен-Ен.
На Хани Вотерс, ученичката која првично беше суспендирана поради објавување фотографија на Твитер, и е укината казната.
Во округот Атланта, 12 ученици и двајца вработени во десетина училишта се позитивни на вирусот во првата недела од почетокот на училишната година.
Претходно во Џорџија, 250 лица беа ставени во карантин откако коронавирусот беше регистриран кај најмалку 11 ученици и персонал во неколку училишта.
Џорџија е една од 21 држави во САД која кризниот штаб на Белата куќа ја стави во „црвената зона“, што значи дека болеста е распространета и дека мора да се преземат мерки.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор