Во Турција уапсени двајца припадници на ИД
Турската полиција соопшти дека во реонот на Газиантеб во близина на турско-сириската граница уапси двајца мажи, припадници на Исламската држава, кои планирале да извршат самоубиствен напад.
Како што јавија турските медиуми, уапсените се наоѓаат на листата на „најбарани лица“ по кои трага турското Министерство за внатрешни работи.
Властите сметаат дека упасените планирале да извршат самоубиствен напад во Газиантеб или во некоја од околните населени места.
Заедно со двајцата припадници на ИС биле приведени уште две други лица.
Газиантеп се наоѓа во близина на турската граници со Сирија, на чија страна е градот Џараблус кој е под контрола на ИД.
Во Турција од почетокот на годинава беа извршени четири самоубиствени напади.
При последниот напад на 19 март, бомбаш-самоубиец се разнесе во центарот на Истанбул, убивајќи тројца израелски туристи и еден Иранец и ранувајќи десетмина други лица.
Турските власти ги индетификуваа самоубиецот како член на ИД од Газиантеп.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица