Балкан
16. September 2016 - 11:52

Во Турција уапсени четири лица под сомнение дека подготвувале напади врз амбасади

Турската полиција уапси четири лица по добиената разузнавачка информација дека се подготвуваат напади од Исламска држава врз амбасадите на Велика Британија и на Германија во Анкара, објави весникот „Милиет“.

Според турското разузнавање ИД подготвува напади врз амбасади во Турција во периодот од 13 до 17 септември.

Во полициската акција тројца се уапсени во Анкара и еден во Истанбул.

Претходно, Амбасадата на Велика Британија во Анкара соопшти дека денеска ќе биде затворена поради безбедносни причини.

Како и поголемиот број на дипломатски мисии во Турција и Британската амбасада беше затворена за конзуларни работи за време на празникот Курбан Бајрам, кој почна во понеделникот, но беше планирано денеска да почне со работа.

И Амбасадата на Германија во Анкара соопшти дека мисијата до денеска ќе „работи со ограничени капацитети“ и „ќе остане затворена за јавност“. Весникот „Билд“ објави дека поради страв од напади нема да работат ниту германските училишта во Турција.

Турција годинава беше цел на низа напади од џихадистичките и курдските екстремисти, а амбасадите повремено беа затворани поради безбедносни причини. 

Амбасадата на Велика Британија во Анкара денеска ќе биде затворена поради безбедносни причини, соопшти Амбасадата