Балкан
24. July 2016 - 9:02

Во Турција уапсен Халис Ханчи - „десната рака“ на Фетула Ѓулен

Во Турција е уапсен клучниот соработник на имамот Фетула Ѓулен, кој живее во САД, и кој турските власти го обвинија за обидот за пуч, сооопшти денеска претстваник на турското претседателство.

Халис Ханчи, кој важи за „десната рака“  на Ѓулен, е уапсен , јавија британските медиуми.

Како што наведува турскиот претставник од канцеларијата на претседателот Ередоган, Ханчи во Турција влегол два дена пред обидот за пуч, пренесуваат британските медиуми.

Претходно денеска турските државни медиуми јавија дека турските власти го уапсиле и внукот на муслиманскиот верски лидер Фетула Ѓулен во врска со пропаднатиот обид за воен удар на 15 јули.

Медиумите наведуваат дека Мухамет Саит Ѓулен е уапсен во Ерзурум, на исток од земјата, и дека ќе биде  спроведен во Анкара и потсетуваат дека неговиот постар роднина е обвинет дека бил мозокот на пучот што наводно се обидел да го изведе со помош на припадниците на своето движење.