Балкан
27. July 2016 - 8:41

Во Турција уапсен Албанец кој работел како универзитетски професор

Турската полиција во Анкара го уапсила албанскиот професор Мајрус Хоџа (30), кој бил ангажиран како предавач на универзитетот Зирке.

- Професорот Хоџа е уапсен под обвинение дека има ѓуленистички убедувања (поддржувач на Фетулах Ѓулен кој живее во САД) и поради тоа бил против режимот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, наведува порталот Албеу.

Од неговото семејство велат дека апсењето им било потврдено и од страна на албанската амбасада во Анкара, но не добиле одговор „што ќе се случи понатаму со професор Хоџа“

- Семејството бара помош од Министертвото за надвроешни работи на Албанија. Многу сме загрижени. Тој нема никаква поврзаност со политичките случувања во Турција, изјавил член од семејството.

Турската амбасада во Приштина, пак, од косовските власти побара да преземат мерки против новинарот Берат Бужала поради неговите сатирични коментари на Фејсбук за неуспешниот обид за воен преврат во Турција.