Балкан
27. January 2017 - 15:26

Во Турција приведени тројца Ирачани под сомнение дека произведувале бомби за ИД

Турските власти привеле тројца браќа од Ирак, кои се осомничени дека произведувале бомби за самоубиствените напади на групата Исламска држава, пренесоа американските медиуми.

Државната агенција Анадолија денеска информира дека осомничените биле уапсени за време на полициска акција во градот Самсун, на црноморското крајбрежје. Тие се обвинети дека во градот Мосул, утврдувањето на Исламска држава во Ирак, создале фабрика во која се претпоставува дека ги произведувале бомбите за атентаторите самоубијци.

Апсењата се резултат на пошироката истрага за сомнителните активности на Исламска држава во северозападна Турција.

Турција е цел на серија самоубиствени напади, поврзани со џихадистичката група, која има мрежа од ќелии и поддржувачи во земјата.