Во Турција пристигнаа првите руски ракетни системи С-400
Првата пратка од компоненти на руските противвоздушни ракетни системи С-400 пристигна денеска во Турција, соопшти Министерството за одбрана во Анкара.
– Првата пратка од компоненти на системот за противвоздушна одбрана С-400 пристигна во Турција. Испораката се врши во воздухопловната база Муртед“, во близина на главниот град Анкара, истакнаа турски воени претставници.
Набавката на најновите руски системи С-400 предизвика меѓународен скандал меѓу Турција и САД. Вашингтон бараше зделката да биде прекината, а американскиот ракетен систем „Патриот“ да биде набавен во замена. Во случај да биде одбиена понудата, Вашингтон се закани со одложување или прекин на продажбата на авионите-ловци Ф-35 за Турција, како и со санкции, но Анкара одби да се повлече. По средбата на врвот на лидерите од земјите на Г20 во јапонскиот град Осака, ситуацијата меѓу САД и Турција стана помалку тензична, истакна турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Турција многу пати досега нагласувала дека набавката на воена опрема е суверено право и ја исклучи можноста да се откаже од плановите за снабдување со системите С-400.
Москва и Анкара потпишаа договор за испорака на системи С-400 во декември 2017 година. Турската соработка со Русија по ова прашање беше силно критикувана од НАТО и САД.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата