Балкан
17. September 2016 - 15:42

Во Турција операција против ПКК

Тројца турски војници и четворица курдски милитанти се убиени денеска во безбедносните операции на турската жандармерија, помогната со хеликоптери во покраините на Турција, кои граничат со Иран.

Во судирите во селото Агаџдиби во провинцијата Хакари, повредени се тројца турски војници, соопшти извор  ода турските вооружени сили, кој дополни дека операциите се во тек, пренесува Танјуг.

Неколку турски хеликоптери бомбардираа во покраината Сирнак упоришта на Курдската работничка партија.