Свет
9. October 2017 - 20:38

Во три калифорниски окрузи е прогласена вонредна состојба поради пожари

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун прогласи денеска вонредна состојба во окрузите Напа, Сонома и Јуба поради пожарите кои им се закануваат на илјадници куќи и поради кои илјадници граѓани се принудени да се евакуираат.

Шефот на пожарникарската служба на округот Напа изјави дека 50 објекти се уништени, но засега нема податоци дали има повредени или загинати лица.

Тој додаде дека огнот запалил повеќе од 68 метри квадратни површина.

Жителите на окрузите Напа и Сонома тврдат дека синоќа добиле повик за обврзна евакуација по избивањето на пожарот, а силниот ветер не дозволува негово локализирање.

Центри за евакуација веднаш се поставени, но американските медиуми известуваат дека нивните капацитети веднаш се полнат.