Во третото тримесечје 7.155 слободни работни места
Во третото тримесечје од годинава во Македонија се евидентирани вкупно 7.155 слободни работни места од кои најмногу или 2.269 се во секторот на преработувачката индустрија по што следуваат трговијата на големо и трговијата на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 1.328 и транспорт и градежништвото со 725 слободни работни места.
Најмногу од слободните работни места 1.876 се во деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49, по што следат субјектите од 3 до 9 вработени каде има 1.874 слободни работни места, во компаниите со над 250 вработени слободни се 1.793, а во оние меѓу 50 и 249 вработени има 1.612 работни места, соопшти Државниот завод за статистика.
Од слободните работни места најмногу или 3.271 се во Скопскиот регион по кој следат Пелагонискиот со 1.102 и Вардарскиот со 869 слободни работни места.
Најмногу се бараат работници во услужни дејности и продажба 2.000, а најмалку само 35 во секторот - членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци