Свет
24. јуни 2020 - 11:45

Во Токио 55 новозаразени, најмногу од почетокот на мај

Властите во Токио потврдија 55 нови случаи на Ковид-19, најмногу од почетокот на мај.

Гувернерката на Токио, Јурико Коике, утрово објави дека поради новото жариште во една компанија, ќе има зголемување на бројот на нови случаи на заразени.

Таа, исто така, најави зголемување на бројот на позитивни, откако се тестираа група луѓе во Шинѓук, кварт во Токио, познат по ноќни клубови.