Македонија
15. August 2016 - 9:33

Во Тирана уапсен македоски државјан осомничен за тероризам

Во Тирана уапсен е македонскиот државјанин И.А. баран со меѓународна потерница, осомничен за учество во ИД.

-Потерницата по И.А. (46) жител на Гостивар била распишана пред една година, но тој нашол засолниште во Тирана. Уапсен е од припадниците на секторот за антитероризам, јави тиранската телевизија Ора њус.

Истиот извор наведува дека тој пред една година успеал да избегне апсење во Македонија и од тогаш најверојатно се криел во Тирана.

Неговата идентификација и апсење се реализирани врз основа на размената на информации на тајните служби на двете земји. Во подолгата истрага биле вклучени и тајни служби на западните земји.

Преметот е доставен до Обвинителството на судот во Тирана кој треба да ја реализира процедурата за негова екстрадиција.