Балкан
1. September 2018 - 13:08

Во Тирана татко монструм 16 години ја злоставувал сопствената ќерка

Во Тирана татко монструм цели 16 години сексуално ја злоставувал сопствената ќерка. Во полиција го пријавила ќерката, која сега има 25 години, а почнал да ја злоставува уште од нејзината деветгодишна возраст.

Се почнало во 2002 година кога во ова албанско семејство драмата со разводот на родителите се претворила во трагедија за тогаш деветгодишното девојче.

Брачната двојка имал три деца, две ќерки и еден син, кои останале да живеат со татако им, тогаш на возраст од 45 години. Таткото со трите деца, најголемото девет години живееле во куќа, која имала само една соба.

Таткото првпат посегнал по сопствената ќерка кога дома дошол во пијана состојба, по што редовно со присила ја принудувал на сексуални односи, кога дома не биле другите две деца. На 19-годишна возраст девојката останала бремена при што абортирала. Последните шест години живееле само таткото и злоставуваната ќерка.

Девојката била многу повлечена, не комуницирала со никого, а собрала храброст да го пријави татко и откако им раскажала на сестрите од блиската црква, кои редовно во последно време ги посетувала. Изминатите неколку денови таа воопшто не се вратила дома, а таткото ја пријавил за исчезната. Таа била згрижена во црквата, по што го пријавила во полиција.

Шеесет и едногодишниот татко-монструм признал речиси се со неверојатна ладнокрвност, вклучувајќи го и абортусот, но во својот исказ ја обвинил ќерка си дека „често таа сама посакувала“.

Девојката е под надзор на стручни лица.

Таткото ќе одговара за три кривични дела, инцест, сексуални односи со малолетно лице и семејно насилство, за што му се заканува максимална казна од 37 години затвор.