Балкан
21. February 2020 - 8:22

Во Тирана се одржува првата средба на Платформата за конкурентност и иновации на Западен Балкан

Првата средба на Платформата за конкурентност и иновации на Западен Балкан ќе се одржи денеска во Тирана.

Советот за регионална соработка (РЦЦ) и Светскиот економски форум (ВЕФ) ќе го претстават Акцелераторот за конкурентност и иновации во Западен Балкан, платформа за соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор.

Покрај генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу и Извршниот одбор на Светскиот економски форум Мартина Ларкин, на отворањето ќе присуствуваат албанскиот премиер Еди Рама и албанската министерка за економија и финансии Анила Денај.

Алцелераторот е прва таква платформа во регионот и во светот.

На средбата ќе бидат договорени натамошни чекори за развој на забрзувањето, ќе бидат формализирани приоритетите за развој на Акциониот план, формирање на група директори и улогата на регионалниот координатор. Учесниците ќе ги идентификуваат и главните активности за 2020 година.

РЦЦ и ВЕФ потпишаа Меморандум за разбирање за забрзување на конкурентноста и иновациите во регионот минатиот ноември.