Македонија
11. December 2015 - 17:30

Во тетовската Касарна примопредадена должноста командант на Третиот механизиран пешадиски батаљон

Во Касарната на АРМ „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово денеска беше извршено примопредавање на должноста командант на Третиот механизиран пешадиски батаљон од досегашниот командант потполковник Атанас Пановски на новонаименуваниот мајор Игор Спасеноски.

На свеченоста присуствуваа командантот на Првата механизирана пешадиска бригада полковник Зоран Милески, командантот на Здружената оперативна комнада на АРМ бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, началникот на штаб во ЗОК бригадниот генерал Азим Нуредин, како и повеќе гости од локалните самоуправи, државни и локални институции во тетовско.

Во своето обраќање пред присутните командантот на Првата механизирана пешадиска бригада потполковник Зоран Милевски истакна дека Третиот механизиран пешадиски батаљон е дел од АРМ од нејзините почетоци и оти станува збор за врвно обучена и подготвена борбена единица за изведување на сите задачи.

- Овој батаљон учествувал во мисии за одбрана на државата, помош на народот на доделеното подрачје, мировни операции надвор од државата, вежби, а секогаш добивал највисоки оценки од оддлението за инспекциски надзор на АРМ  така што новиот командант има чест но и обврска да го задржи и надгради постигнатото ниво од досегашниот командант, рече полковнки Милески.

Новиот командант мајор Игор Спасеноски рече дека ќе одговори на секој предизвик и одговорно ќе си ја врши должноста. Тој доаѓа на оваа позиција од позицијата офицер за борбена готовост во одделението Ј3 во ЗОК.

- Сите ние кои денеска стоиме гордо во овој строј сме дале свечена заклетва дека со целото свое битие ќе ги браниме државните интереси на република Македонија. Нашите семејства, нашиот народ од кого и самите потекнуваме сметаат на нас и нашата помош во тешките состојби кога последната надеж ќе биде изгубена. Немојте да го изневериме! Сакам заедно да градиме меѓусебна доверба и заедно да придонесуваме кон создавање на нескршлив војнички колектив каде нашите разлики од верска, етничка или друга природа нема да играат никаква улога рече мајор Спасеноски.

Досегашниот командант потполковник Пановски изрази благодарност на командата на баталјонот, на командирите на четите и сите командири и војници од составот на единицата, за несебичната поддршка и посветената работа. Тој заминува на друга должност во Генералштабот на АРМ.