Во Тетово седуммина комби превозници превезувале патници без лиценци
Во најновата контрола на комби возила со кои се врши јавен превоз, тетовската полицијата во текот на вчерашниот ден открила седум нови возачи кои за превезување патници не поседувале лиценци.
– При контролата, реализирана во содејство со Отсекот за економски криминал, откриени и законски санкционирани биле седум возила кои непоседувале вакви лиценци и против нивните сопственици ќе бидат изготвени кривични пријави по член 284 A од Кривичниот законик. Покрај ова, изготвени се и седум поднесоци за незаконско користење фолии, а откриени и санкционирани. Исто така, биле и 16 непрописно, односно погрешно паркирани возила, кои биле подигнати од тетовската „пајак-служба“, како и други видови сообраќајни прекршоци, информира Марјан Јосифоски,портпарол на СВР Тетово.
На 30 септември полицијата откри девет комби возила кои вршеле јавен превоз без соодветна лиценца, додека на 25 септември седум возачи кои превезувале патници без да поседуваат соодветни документи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица