Македонија
26. September 2020 - 10:40

Во Тетово повредено осумгодишно дете откако во него удрил автомобил

Вчера во Тетово повредено е осумгодишно дете откако автомобил удрил во него. Како што соопштуваат од МВР:

„Во Тетово, на улицата „Илинденска“ во близина на „Шарена џамија“ било повредено осумгодишно дете. Според информациите на СВР Тетово, додека поминувало улица, во него удрил автомобил „фолксваген-поло“ што го управувал Х. И. од тетовското село Непроштено. Детето набрзо по несреќата било пренесено во Тетовската клиничка болница, каде заради здобиените повреди е здржано на лекување.“