Македонија
30. јуни 2018 - 15:15

Во Тетово почна изградбата на пристапниот пат во месноста Стара Циглана

Градоначалничката на општина Тетово  Теута Арифи денеска заедно со жителите на месноста Стара Циглана во тетовската населба Дреновец присуствуваше на почетокот од работите за изградба на пристапниот пат до населбата од правец на тетовската касарна.

За овој пат пред петанесеттина денови жителите на населбата одржаа и мирен протес пред општинската зграда, по што беа примени од градоначалничката Арифи.

Одложувањето на изградба на патот било поради уривањето на неколку стари објекти на неговата траса  и се било спроведено согласно законските процедури за што било потребно и подолго време, посочи Арифи.

- По барање од граѓаните започнаа работите на изградбата на овој пат во Стара Циглана за што работеа повеќе сектори од општинската администарција. Согласно планот патот ќе биде со должина од 500 метри, ширина од шест метри со тротоари од двете страни, ќе има и поврзување со водоводната мрежа, а ќе биде поставено и јавно осветлување. Средствата за неговата изградба се обебзедени од буџетот на општината и се надевам дека патот многу скоро ќе го пуштиме во употреба, рече Арифи.

Во однос на пробивањето на булеварот Благоја Тоска од постоечкиот мост кај клиничката болница во градот до текстилното училиште, Арифи рече дека веќе ја завршиле експропријацијата за 80 отсто од трасата и започнале со уривање на објектите. Согласно динамиката очекувањата се дека овој булевар ќе биде целосно отворен до крајот на оваа година. И тука парите се обебзедени од општинскиот буџет.