Во Тетово отворени денови на АД за стопанисување со станбен и деловен простор
Генералниот директор на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов присуствуваше на денешниот отворен ден што за граѓаните на Тетово и Гостивар се одржа во тетовската подружница на друштвото.
Според Гроздановски станува збор за редовна и планирана активност што се одржува на секои шест месеци или една година, во зависност од големината на подружницата, и има за цел на самото место да се увидат проблемите со кои се соочуваат граѓаните во оваа област но и можностите за подобрување на условите за работа на вработените.
Тој се осврна и измените и дополнувањата на законот за продажба на станови со што им се дозволува на корисниците на станови наменети за лица со ниски примања или приматели на постојана парична помош да можат под одредени услови да ги откупат становите кои моментално ги користат.
- Во договор со Централната евроспка банка во Париз за првпат во Европа во Македонија се дозволи ваквата продажба на становите на овие лица со наша обврска за секоја продажба да биде изградена станбена единица што ќе остави можност други лица од ранлива категорија да може да добијат покрив над главата. Доколку некои од корисниците од најразлични причини не сакаат да го откупат вака добиениот стан на користење тие во зависност од тоа во која категорија на граѓани се односно дали се со ниски, средни или пак високи примања им се определува и закупнината. Исто така доколку од пониска преминуваат во категорија на граѓани со повисоки примања закупнината се зголемува и во случаи кога граѓаните се со семејни примања над шеесет илјади денари месечно таа добива висина како што е на пазарот. Доколку пак ваквото семјство од категоријата ниски примања дојде до категоријата за примање на социјална помош закупот паѓа на товар на државата, изјави Гроздановски.
Според него, во тетовско-гостиварскиот регион подружницата покажала добри резултати и нема поплаки од граѓаните за нејзината работа. Како успех тој го посочи враќањето во евиденцијата на друштвото на повеќе објекти кои во изминатиот период од најразлични причини не биле внесени и под надзор на оваа подружница.
Гроздановски најави и дека зградата со 77 станови што се гради во Гостивар ќе биде готова и пред планираниот рок . Посочи дека за Тетово за следниот период се планира да се започне со изгрдба на зграда со станови за комерцијална продажба на атрактивна локалција во градот, а за следната година се разгледува и можноста за изградба на социјални станови.
Ново на Сител
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче