Во Тетово одбележан Денот на македонската револуционерна борба
Со интонирање на химната на Република Македонија и минута молчење како почит за паднатите борци за слобода на Македонија денеска кај Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово претставници на повеќе здруженија, политички партии и граѓани го одбележаа 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.
- Изминаа 122 години откакко основоположниците Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов ги поставија темелите на Македонската револуционерна организација која потоа ќе стане симбол на македонскиот народ и неговата борба за слобода, рече Милена Илиевска која во името на организаторите од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово се обрати пред присутните.
Формирањето на ВМРО, како што посочи таа, значи почеток на организираното македонско револуционерно движење што преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ и АСНОМ резултира со создавање на современа самостојна македонска држава.
- Денес кога го чествуваме 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба се поклонуваме на делото на шестемина македонски револуционери кои ги поставија темелите на ВМРО како и на сите потомци и следбеници, херои кои го положија својот живот на олтарот за слободата на Македонија, рече Илиевска.
Во рамките на одбележувањето на празникот на Споменикот на револуцијата во Тетово цвеќе положија претставниците на тетовската општинска организација на Сојузот на борците на Македонија, гарнизонот на АРМ од тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“, Задружението на воените инвалиди, Регионалниот одбор на српската заедница во Тетово, како и општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО Народна партија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација