Во Тетово легализирани 2.500 дивоградби, од поднесени 7.900 барања
Секторот за урбанизам при општина Тетово има позитивно решено околу 2.500 предмети од вкупно примените 7900 барања на граѓаните за легализација на бесправно изградените објекти, информираше раководителот на секторот, Неџати Зулбеари.
Според податоците во секторот, постапката за легализирање е пред крај за околу 2.100 предмети додека за околу 3.200 барања документацијата е некомплетна.
- Вработените во секторот за урбанизам работат максимално за да се запази рокот до крајот на годинава за легализација на дивоградбите. Сепак што се однесува до некомплетираните предмети тоа зависи од подносителите на документите бидејќи до сите нив поединечно ние им имаме испратено што треба да донесат за да ја комплетираат документацијата и нивното барање да биде ставено во процес на разгледување, изјави Зулбеари.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите