Македонија
23. November 2021 - 21:40

Во тешка психичка состојба се преживеаните од автобуската несреќа

Седуммината преживеани на страшната автобуска несреќа во Бугарија се во стабилна, но многу тешка психичка состојба, соопшти бугарскиот Јавен обвинител откако ги посетил пациентите кои во моментот се хоспитализирани во софиската Клиничка болница.

Сѐ уште се работи на терен за утврдување на причините, но во тек е и распрашувањето на преживеаните.

-Повредените се  во многу тешка психичка состојба. Единствено што кажуваат е дека сѐ се случило за неколку секунди. Не можам да кажам дали имало експлозија. Сѐ се случило за неколку секунди. На местото на несреќата се испрашани сведоците и очевидците на инцидентот, изјави претставничката на бугарското Јавно обвинителство.

Сител објави дека македонскиот амбасадор во Софија единствено разговарал со српскиот државјанин кој го скршил стаклото и им помогнал на останатите шестмина за да се спасат.