Loading Video...
Фудбал
3. September 2019 - 14:31

Во Тел Авив се комплетира составот за дуелот против Израел

Македонската фудбалска репрезентација од денеска е во Израел каде во четврток ќе го игра петтиот натпревар од квалификациите за ЕП. 
 
На експедицијата предводена од селекторот Игор Ангеловски, во Тел Авив им се приклучија интернационалците од Европа, Пандев, Несторовски, Спировски, Трајковски и Димитриовски, кои поради клупските обврски директно од пристигнаа во Израел.
 
„Не се предаваме, се додека постојат теоретски шанси да бидеме втори, јас ќе барам од играчите да го бркаме тоа место. Мотиви не недостасуваат, посебно кога се игра за репрезентација, тоа не сакам да напоменам што значи. До крај одиме на секој меч на победа, дали ќе биде за подобар пласман или за подобра подготовка во Лигата на Нации со Косово, сеедно. Овие момци досега покажаа дека не познаваат фаворити и јас верувам дека ќе бидат на нивото“, истакна селекторот  Ангеловски.
 
Нашата репрезентација денеска ќе одработи еден тренинг во Ашдод, а утре и во Берн Шева, каде в четврток од 20 часот и 45 минути ќе го игра мечот против Израел во рамките од 5.коло на Г квалификациската група.