Македонија
31. October 2020 - 11:01

Во текот на вчерашниот ден само во општина Аеродром 220 санкционирани возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, Само на територијата на Општина Аеродром изречени севкупно 220 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22, 15 за неисправни и нерегистрирани возила и 32 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.