-->
-->
Во текот на денешниот ден вакцинирани 488 деца со МРП вакцина
-->
Министерство за здравство информира дека денеска до 19:00 часот вакцинирани се вкупно 488 деца со МРП вакцина.
Од Министерството апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.
Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат и утре (04.01.2019 година) до 19:00 часот, се наведува во соопштението од Министерството.
Оттаму потсетуваат дека се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата на морбили (мали сипаници) прогласена во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо