-->
-->
Во тек вакцинацијата против „јазлеста кожа“
-->
За три недели треба да заврши вакцинацијата против „јазлеста кожа“ во регионот на Делчево и Македонска Каменица каде се дистрибуирани 5.000 вакцини.
Процесот почна на 24 мај, а го спроведуваат две ветеринарни станици. Се вакцинираат само здравите грла, а по вакцинацијата месото не смее да се употребува седум дена, додека за млекото нема забрана.
Болеста во општина Делчево се појави во селата Габрово, Град и Разловци, но и во Македонска Каменица, а е потврдена кај седум грла, додека 49 биле однесени на усмртување во кланицата во Радовиш. Слична е состојбата со болеста и во Малешевијата, каде беа уништени 50-ина грла.
За сузбивање на болеста во регионите на Пијанец и Малеш се доставени 9.300 вакцини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто