Македонија
14. September 2019 - 11:42

Во тек пријавувањето за манифестацијата „Пијанечки денови на сливата“

 Почна пријавувањето за традиционалната манифестација „Пијанечки денови на сливата“, што ќе се одржи на 20 септември во Делчево.
 
Целта е да се промовира сината слива како пијанечки бренд. За најдобрите учесници ќе бидат обезбедени награди.
 
Како што информираа од општина Делчево, во рамки на јавниот настан, ќе биде прикажан начинот на подготовката на сите традиционални производи од слива, карактеристични за Пијанечкиот крај.
 
– На едно место на отворено во рамки на овој настан, во Делчево ќе се слави традицијата на печење сливова ракија, ќе се подготвува мармалад, слатко, компот и бели пецива со производи од сливи. Во рамки на централниот настан е предвиден натпревар во печење ракија под мотото „Мојата сливова ракија е највесела”. На штандовите ќе се изложат традиционалните производи, подготвени по старинските рецепти, но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат и да се дегустираат на лице место,велат од општината.