Во тек е пријавувањето за планинарскиот марш „Голак 2019“
Во тек е пријавувањето за традиционалниот планинарски марш „Голак 2019“ кој Планинарскиот спортски клуб „Голак“ во соработка со Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и Општина Делчево годинава ќе го организира по 5-ти пат.
За учество на планинарскиот марш кој ќе се одржи на 25 август оваа година, како што информираше претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски, заинтересираните ќе можат да го потврдат своето учество најдоцна до четврток, 22 август 2019.
-Ова е 5-ти традиционален планинарски марш кој ќе се реализира во должина од 12 километри со висинска разлика од околу 1000 метри. Маршрутата на движење ќе започне од град Делчево на 595 метри надморска висина, потоа продолжува преку манастир Св.Богородица Балаклија месноста Трајанов Рид, Долна Богданица, Стари Голак, Спортски Терен, па се до врво Чавка и манастирот Св.Пантелејмон кој се наоѓа на врв Мала Чавка на 1508 метри надморска висина и обратно, информира Чучуковски.
Поради поубав панорамски поглед кон градот Делчево и Пијанечката котлина, како што додава Чучуковски можно е патеката да биде променета.
-Патеката во еден правец е долга 12 км,со висинска разлика околу 1000 метри и истата се искачува за 3 часа и 30 минути, а се слегува за 2 часа и 30 минути. Истата е маркирана и добро позната на организаторот, бидејќи е помината многу пати и истата оваа година е дел од првата трансферзала во брегалничкиот регион Голак-Плачковица. Се минува низ дабова, букова, габерова и борова шума, додава Чучуковски.
За учество на настанот присуството може да се потврди на социјалните мрежи, а од ПСК „Голак“ очекуваат околу 200 планинари да земат учество на најмасовниот планинарски настан во Делчево.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори