Свет
9. February 2016 - 8:41

Во Тајланд почнаа најголеми меѓународни воени маневри во Азиско-Тихоокеанскиот регион

Во Тајланд почнаа најголемите воени маневри во Азиско-Тихоокеанскиот регион, јави ДПА.

Над 130.000 војници од шест држави меѓу кои САД, Јужна Кореја и Јапонија учествуваат во маневрите што се одржуваат по 35-ти пат.

Освен воени дејствија, за време на маневрите наречени – Златна кобра, ќе се извршуваат операции за хуманитарна помош и помош при природни катастрофи.