Македонија
7. May 2019 - 15:06

Во СВР Охрид одбележан Денот на безбедноста и на македонската полиција

На пригодна свеченост денеска во присуство на новоизбраниот градоначалник Константин Георгиески, претставнци на Општина Охрид, на државната управа, образовните центри, јавните претпријатија во СВР Охрид беше одбележан 7 мај Денот на безбедноста и на македонската полиција.

Честитајќи им го празникот на полициските службеници Георгиески им се заблагодари за нивната работа како гарант на безбедноста и сигурноста за сите граѓани, истакниувајќи ја и обврската на локалната самоуправа во рамки на своите надлежности да обезбедува услови за поддршка на заедничките проекти.

-Соработката меѓу општина Охрид и полицијата секогаш била добра, а така ќе биде и во иднина. Сите заедно ќе продолжиме да работиме на воспоставување  на блиска соработка меѓу полицијата и граѓаните, истакна Георгиески.

Началникот на СВР Охрид, Сашо Смилески, истакна дека Секторот продолжува да се гради како современа полициска служба која во одржувањето на јавниот ред и мир, во борбата против сите видови криминалитет, во откривањето на сторителите на казнените дела и во другите сегменти од полициските работи, применува ефикасни правни и демократски  процедури и стандарди.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, од своја страна истакна дека службата исправено стои пред предизвикот да биде  институција што во секој поглед ќе биде безбедносен гарант, сервис на сите граѓани.

-Станува збор за концепт којшто ќе треба да ја позиционира СВР Охрид во современ демократски систем на заштитник на безбедноста и сигурноста на сите наши граѓани и гарант за владеењето на правото во нашата држава, рече тој.

Што се однесува на активностите на СВР Охрид во првите четири месеци на тековната година, беше посочено дека во Охрид се регистрирани вкупно 177 кривични дела со 45 проценти на реализација, што претставува намалување во однос на истиот период лани кога биле евидентирани 225 кривични дела и 35 проценти реализација.

Во рамки на свеченоста на полициските службеници Кире Стојоски од полициската станица Охрид и на Гоце Огненоски од Полициската станица за безбедност во сообраќајо, им беа доделени благодарници за посебен придонес во работата на СВР Охрид