Македонија
4. November 2015 - 13:02

Во СВР Битола пријавена артилериска граната пронајдена на железничка пруга

Во СВР-Битола вчера околу 08,50 часот С.Г. пријавил дека при изведување градежни работи на железничка пруга пронашол една артилериска граната калибар 75 милиметри.

Артилериската граната, соопшти денеска МВР, е подигната од ДСЗ-Битола за натамошна постапка.