Живот
12. November 2015 - 17:17

Во својот двор застрелал џиновска ѕвечарка која му го изела кучето!

Маж од Арканзас застрелал џиновска ѕвечарка во својот двор откако изела едно од неговите кучиња.
 
Кога фотографиите прв пат се објавени на Фејсбук се тврдело дека се работи за најголемата уловена ѕвечарка долга два ипол метри.
 
Сепак фотографиите кажуваат дека се работи за змија не подолга од 180 сантиметри.
 
Научниците објаснуваат дека тоа е огромна ѕвечарка, која обично расте од 90 до 150 сантиметри во должина. 
 
Најголемата уловена ѕвечарка била долга 234 сантиметри.