Свет
12. јуни 2021 - 11:31

Во светот со Ковид-19 инфицирани над 176 милиони луѓе

Во светот од почетокот на пандемијата со Ковид-19 се инфицирале 176.044519 луѓе, а активни се 12.291.322 случаи, покажуваат податоците на интернерт-страницата „Ворлдометерс” (worldometers).

Од последици од коронавирусот починале 3.800.625 луѓе.
 
Најголем број на заразени луѓе регистрирани се во САД (над 34,3 милиони луѓе), а потоа следат Индија (повеќе од 29,3 милиони), Бразил (над 17,3 милиони), Франција (повеќе од 5,7 милиони) и Турција (нас 5,3 милиони луѓе).