Свет
10. October 2020 - 8:51

Во светот повеќе од 37 милиони луѓе се заразени со Ковид-19

– Бројот на инфицирани луѓе со новиот корнавирус во светот синоќа се искачи над 37 милиони, покажуваат податоците на интернет страницата на „Ворлдметрс“ (Worldоmeters).

Од последици од Ковид-19 починаа 1,07 милиони луѓе, а оздравеле 27,8 милиони. Најголем број назаразени има во САД – 7,8 милиони луѓе, од кои 218.000 починале. Потоа следи Индија со речиси седум милиони луѓе заразени и 107.000 починати, а на трето место е Бразилсо пет милиони инфицирани и речиси 150.000 смртни случаи.

Над еден милион заболени регистрирани се во Русија, каде од последици наКовид-19 починаа околу 22.000 луѓе.