Македонија
23. March 2020 - 20:03

Во светот повеќе од 350.000 луѓе заразени со новиот коронавирус

Коронавирусот не стивнува во Европа. И понатаму најпогодена од пандемијата е Италија, каде има околу 60 000 заболени , а починаа над 5,400 лица. Поради тоа, освен италијанските, против вирусот во оваа земја ќе се борат и руските, кинеските но и кубанските доктори.

Вторто европско жариште е Шпанија, каде има над 33 000 заболени. Во последните 24 часа, рекордни 410 лица почианле од вирусот. Надлежните велат дека пикот во оваа земја се очекува да биде следната недела.

Во меѓувреме германската влада го усвои итниот пакет мерки за помош од 750 милијарди евра. Германската канцеларка Ангела Меркел, пак е негативна на коронавирусот, покажало првото тестирање, но ќе следуваат и други.

Во Велика Британија,  маркетите ги отворија вратите само за здраствените работници. На видетото  може да се забележи дека и покрај долгите редици, луѓето ги почитуваат мерки , за одалеченост од 1 метар.

САД со околу 40 000 пациенти,  е третата земја во светот по број на заразени со корона вирусот. Американскиот претседател Доналд Трамп апелираше граѓаните да останат дома.

Сакам да го уверам американскиот народ дека ќе му се спротивставиме и на крај ќе  го победиме овој непријател. Да ве потсетам, повторно сме во војна.

Во Вухан каде започна ширењето на вирусот веќе петти дена по ред нема регистрирано нов случај. Претходните 39 потврдени случаи се европејци кои допатувале во Кина, па поради тоа оваа земја нои Јужна Кореа ќе ги тестира сите странци кои ќе влезат во државите.