Свет
16. April 2021 - 11:33

Во светот над три милиони луѓе починале од последици од Ковид-19

Од почетокот на пандемијата повеќе 3.001.621 луѓе починале од последици од Ковид-19 во светот, покажуваат податоците на сајтот „ворлдометерс. инфо” (worldometers.info).

Вкупниот број на инфицирани луѓе со коронавирусот во светот изнесува 139.710.707 од кои 98 проценти оздравеле (118.763.479), а два отсто починале.

Активни случаи се речиси 18 милиони од кои 17.849.302 се со лесна клиничка слика (99,4 проценти), а во критична состојба се 106.926 луѓе (0,6 отсто).