Во супермаркетот во Треб пронајдени три експлозивни направи
При проверката на супермаркетот во градот Треб во јужна Франција во кој вчера напад изврши осомничен припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД), француската полиција пронашла три рачноизработени експлозивни направи, соопштија денеска правосудните власти.
Во соопштението се посочува дека покрај експлозивните направи во супермаркетот е пронајден и еден пиштол со калибар 7,65 милиметри и ловечки нож.
Напаѓач вчера упадна во супермаркет во градот Треб, при тоа убивајќи две лица и задржувајќи тројца заложници. Тој беше ликвидиран од страна на припадници на полицијата кои упаднаа во супермаркетот.
Полицијата информира дека пред да упадне во супемаркетот во Треб, напаѓачот украл автомобил во соседниот град Каркасон, при што убил едно лице застрелувајќи го во главата и ранил друго. Потоа тој стрелал кон група полицајци, повредувајќи еден од нив, и се упатил кон супермаркетот во Треб.
Тој при упадот во супермакетот извикувал „Алаху акбар (Алех е голем), сите ќе ве убијам“.
Полицијата напаѓачот го идентификува како 26-годишниот Редван Лакдим, по потекло од Мароко, кој и бил познат за ситни прекршувања на законите. Тој бил следен, но полицијата сметала дека не е радикализиран.
При претресот на куќата на Лакдим полицијата пронашла проштална порака во која се споменува Исламска држава (ИД).
ИД уште вчера презеде одговорност за нападот, тврдејќи дека Лакдим е нејзин војник, кој „ја спровел операцијата“ како одговор на повикот на групата да се извршуваат напади во земјите членки на антиџихадиситчката коалиција предводена од САД.
При вчерашните напади во Треб и Каркасон беа убиени три лица, а денеска на повредите им подлегна и еден од 16-те ранети.
Ново на Сител
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче