Свет
10. March 2018 - 21:58

Во судири со Талибанците во Авганистан убиени 18 војници

Најмалку 18 авганистански војници и припадници на специјалните единици се убиени во судирите во провинцијата Фарах, западно во Авганистан, соопшти официјален претставник на локалните власти.

Талибанците ја нападнале војската во текот на ноќта.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Авганистан Давлат Вазири изјави дека се убиени четворица припадници  на специјалните единици и дека неколку се ранети.

Шефот на локалниот провинциски совет Фарид Бактавар рече дека има 18 починати.

За време на судирите убиени се и 25 бунтовници.