-->
-->
Во струмичките средни училишта слободни се 511 места
-->
По двете пријавувања и запишувања во месец јуни и едно пријавување во месец јули, во трите средни општински училишта останаа 511 слободни места.Најмногу слободни места има во СОУУД „Димитар Влахов“ и тоа во тригодишното образование во земјоделско-ветеринарната струка, за образовниот профил поледелец нема пријавено ниту еден ученик, односно има 34 слободни места. Во хемиско-технолошката струка, за образовниот профил пекар, има 27 слободни места.
Во четиригодишното образование во ова средно училиште има 100 слободни места во образовните профили: агротехничар, техничар за фитомедицина, техничар за агроменаџмент и прехранбен техничар.
Во гимназијата „Јане Сандански“ има 135, а во СОУ „Никола Карев“ има 212 слободни места.
Од општината информираат дека учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места на 26 август за што треба да достават доказна документација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
