Македонија
11. November 2015 - 21:31

Во Струмица запленети 4 килограми марихуана

Секторот за внатрешни работи – Струмица, по добиени разузнавачки информации превзеде сеопфатни плански мерки и активности и на 10.11.2015 година по наредба на судија на претходна постапка изврши претрес  во домот на лицето  Н.С (24) од с.Петралинци а на 11.11.2015 година по наредба на судија на претходна постапка изврши претрес во домот и помошните простории  на две лица  И.Г(31) и М.Н(35) од с.Сачево. 
 
Од превземените истражни дејствија, запленета е опојна дрога марихуана во количина околу 4 килограми.
 
Пронајдената опојна дрога ќе биде доставена на вештачење во Оддел за кримниналистичко-технички  испитувања и вештачења при МВР на РМ., по добиеното вештачење, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.