-->
-->
Во Струмица се чисти еден од најголемите канали за прифаќање поројни води
-->
Струмички „Комуналец“ почна со чистење на еден од најголемите канали за прифаќање поројни води долж улицата „Крушевска Република“. Чистењето на каналот од треви и разновиден отпад се врши со механизација и рачно.
Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои живеат во близина на каналот да не фрлаат отпад во него, бидејќи само преку чистиот канал ќе има слободен проток на поројните води при врнежи.
Струмичките комуналци ги потсетуваат граѓаните кога имаат насобран отпад во своите домаќинства да се јават во јавното претпријатие на телефонскиот број 034 325 909.
Акцијата за генерално чистење на каналот долж улицата „Крушевска Република“ ќе продолжи и во текот на престојниот викенд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење