Македонија
12. September 2020 - 21:20

Во Струмица прв пат двоцифрена бројка на нови случаи од Ковид-19

Рекорден број на новозаболени од корона вирус во струмичко. Во последното деноноќие во центарот за јавно здравје Струмица се регистрирани 11 лица позитивни на ковид 19. Од почетокот на пандемијата ова е за прв пат бројот на новозаболени да биде двоцифрен. Директорот на центарот за јавно здравје Петре Витанов информираше дека се работи за лица на различна возраст и од неколку различни кластери. Поголемиот дел од новозаразените се од градот Струмица, но има и две лица од населените места.

„За прв пат имаме двоцифрена бројка. Се работи за повеќе различни кластери. Инаку во моментот се врши епидемиолошко мапирање и анкети на сите контакти кои што се со позитивните лица. По конкретно некои информации не можам да дадам во моментот. Откако ќе се заврши сите тие активности ќе имаме некоја почиста слика“, вели ПЕТРЕ ВИТАНОВ – ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ СТРУМИЦА.

Од почетокот на пандемијата , во центарот за јавно здравје Струмица кој го покрива и валандовскиот регион вкупно има регистрирано 101 случај на корона вирус. Во моментов активни се 44.