Македонија
20. September 2020 - 21:42

Во Струмица полицијата делеше едукативни материјали по повод Европската недела на мобилност

Попладнево во Градскиот парк во Струмица Отсекот за превенција при СВР Струмица, заедно со сообраќајната полиција, со делење на флаери, вода и заштитни маски за лице ја одбележаа Европската недела на мобилност.

Настанот се одржа под мотото „ Иднината на одржливата мобилност е во твои раце. Вози велосипед!!!“.

На возачите на велосипеди полициските службеници им укажуваа на почитување на сообраќајните знаци, правила и прописи со цел за поголема безбедност во сообраќајот.

Покрај полицијата, партнер во оваа едукативна акција е Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а на настанот присуствуваше и претседателката на оваа организациција, Гордана Кожуваровска.