Македонија
29. December 2019 - 19:42

Во Струмица отворен шелтер центар за жртви на семејно насилство

Струмица доби шелтер центар за згрижување на жртви од семејно насилство. На површина од 200 метри квадратни располага со осум легла од кои две за итни интервенции и згрижување во рок од 24 часа. жените жртви  на семејно насилство и нивните деца, освен Освен дом и привремен престој кој максимално може да биде до шест месеци во шелтер центарот ќе добиваат и бесплатна правна и социјално психолошка помош и поддршка.  Центарот е проект на здружението Скај плус од Струмица , а се реализираше со поддршка на општината, верските заедници  и 35  компании кои помогнаа во подготовката и адаптацијата на просторот.

,, Ние изградивме дом. Дом во кој што ќе ги отвориме вратите за сите жртви на семејно насилство и нивните деца, дом во кој што ќе може да се чувствуваат сигурно, безбедно, со се она кое што значи психо социјална поддршка за крајната цел да биде од нашиот дом да излезе по сигурна, по стабилна и едноставно да застане на свои нозе.,, вели СТОЈНЕ МИТЕВа – ЗДРЖЕНИЕ СКАЈ ПЛУС

Шелтер центарот е сместен во простории на општина Струмица. Освен просторно локалната самоуправа во целиот проект учествува и со 1 милион и 200 000 денари.  Градежните материјали од над 2 милиони денари беа обезбедени преку компаниите кои се вклучија во реализацијата на целиот проект.

,, Овој елемент на вква солидарност, здруженост, енергија од бизнис центарот, од невладините организации, од општината и сите други елементи за мене е една водилка која што треба да не води и да ни покажува еден пример како одредени проблеми, општествени проблеми, социјални проблеми, социолошки проблеми и појави во нашето општество треба да ги решаваме.,, вели КОСТА ЈАНЕВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Шелтер центарот со работа ќе отпочне откако ќе добие лиценца и дозвола за работа од министерството за труд и социјална политика. Најновата статистика покажува дека семејното насилство е во пораст. Годинава за девет месеци во СВР Струмица биле пријавени 69 случаи. Една од жртвите веќе побарала поддрша од шелтер центарот.