Македонија
3. јуни 2016 - 12:34

Во Струмица одбележан Светскиот ден на животната средина

Со креативна работилница посветена на климатските промени, еколошките друштва од Струмица го одбележуваат Светскиот ден на животната средина 5 јуни. Во малиот градски парк беше организирана ликовна манифестација, на која, учениците од основните и средните училишта нацртаа пораки за последиците од глобалното затоплување и климатските промени.

- На овој начин го означуваме и почетокот на кампањата: „Локална кампања против климатски промени“, проект финасиран од општина Струмица и ENV.net мрежата. Целта на работилницата е да се означи почетокот на кампањта и да се подигне свеста за влијанието на климатските промени, како и улогата на младите во решавање на последиците од климатските промени. Преку оваа почетна акција се надеваме дека ќе бидеме позитивна инспирација за заштита на животната средина, вели Лени Јанакиева од ЕД „Планетум“, Струмица.

Денешниот настан го организираа Еколошко друштво Планетум во соработка ENV.net мрежата( мрежа за развој во Западен Балкан и Турција, која и дава на граѓаните глас да се влијае врз реформите во процесите на животната средина за поблиска интеграција во ЕУ), Еколошко друштво Планетум и 4x4x4 Балкански Мостови.