Македонија
11. December 2016 - 8:55

Во Струга навреме отворени сите гласачки места

Сите гласачки места во општина Струга се отворени навреме, во 7 часот утрово и процесот на гласање за предвремените Парламентарни избори се одвива непречено, информира претседателот на Општинската изборна комисија Бледар Зиба.

Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 59.017 лица, а правото на глас можат да го остварат во 101 избирачко место.

- Утрово во 7 часот отворени се сите 101 избирачко место. Засега нема никакви проблеми. Доколку има подгетвени сме да реагираме, изјави Зиба.

Стружани денеска ќе гласаат за една од листите за избор на пратеници во 5. Изборна идиница.

Правото на глас вчера го остварија 78 болни и изнемоштени лица во 41 избирачко место во општината.