Македонија
2. December 2015 - 9:04

Во Струга и Вевчани ќе бидат засадени 18.000 дрвца во акцијата „Ден на дрвото“

Во општините Струга и Вевчани денеска ќе бидат засадени околу 18.000 дрвца во рамки на 16. акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, што годинава се реализира под мотото „Засади успех“.

Директорот на јавното претпријатие „Македонски шуми“, подружница „Јабланица“, Жарко Бебекоски информира дека на површина од 4 хектари во струшкото село Подгорци, на местото викано Јадрин ќе бидат засадени 16.000 дуглавија (зимзелено дрвце).

Претставници на општина Вевчани, институции, ученици од основното училиште „Страшо Пинџур“ и други заинтересирани граѓани 2.000 декоративни дрвца ќе засадат околу училиштето и градинката во Вевчани.